Хамас Газа тунел / Фото: Yousef Masoud/SOPA Images / Shutterstock Editorial / Profimedia

Хамас тврдaт дека не добиле предлог од САД за прекин на војната во Газа

Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека не добила никакви нови предлози за прекин на огнот во Газа откако елементи од планот од 21 точка на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната и ослободување на заложниците беа презентирани на медијаторите и се појавија во медиумите.

Во соопштението на Хамас, кое денеска го објави „Тајмс оф Израел“, се наведува дека преговорите се прекинати од 9 септември, кога Израел изврши напад во Катар врз зградата каде што лидерите на таа група одржуваа состанок.

Хамас додаде дека се подготвени да го разгледаат секој предлог доставен до нив преку медијатори, позитивно и одговорно, на начин што ги штити правата на палестинскиот народ.

Минатата недела, САД споделија план за прекин на војната во Газа со неколку арапски и муслимански земји на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.

Трамп потоа рече дека „сите земји во регионот се вклучени, Хамас е многу свесен за овие дискусии, а Израел е информиран на сите нивоа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот