фото: Слободен печат

„Хакиран“ системот за влез на Кејот! (ГАЛЕРИЈА)

Градот Скопје во минатото имаше големи проблеми со паркираните возила на Кејот 13-ти Ноември, кои со самиот влез на кејот, беше целосно уништен и искршен поставениот плочник.

фото: Слободен печат

Некаде на средината на месец Март, градските власти со цел да го спречат овој проблем поставија електронски столб и тогаш велеа дека на овој начин ќе се регулира движењето на возила, односно кејот нема да биде блокиран со возила.

фото: Слободен печат

Во моментов пристап на Кејот 13-ти Ноември имаат возила кои имаат специјално одобрение од Градот Скопје, а важи за возилата на вработените во Телеком и за возилата кои носат дотур на роба до кафулињата кои се на самиот кеј.

Сепак, скопјани најдоа начин доколку немаат специјално одобрение, повторно да влезат на Кејот и да го паркираат своето возило, и покрај тоа што има забрана од страна на Градот.

фото: Слободен печат

Погледнете како снаодливите жители на Скопје го „хакираа“ системот:

[foogallery id=”49605″]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!