
Со лажен профил на Венко Филипче, измамници нудат американско здравствено осигурување
Лажен Фејсбук профил со фотографија на претседателот на СДСМ Венко Филипче од негово име шири лажен повик за „приватно здравствено осигурување во соработка со американски лекари“. Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска за „Слободен печат“ изјави дека профилот е веќе пријавен и лажен и дека не станува збор за официјалната фан страница на Филипче туку за некој што се претставува во негово име. Препораката е граѓаните да не стапуваат во контакт со истиот поради можноста хакерите да ги доведат граѓаните во заблуда и да бараат од нив банкарски податоци преку кои подоцна може да им ги испразнат сметките. Сите пораки во кои се охрабруваат граѓаинте да „испраќаат лични карти“ „барања за регистрација“, „копии од лична карта“ – се измама и лага, за чија дисеминација е злоупотребен идентот на Филипче.
Препорачано
Пред половина час на Фејсбук профилот на Венко Филипче беше објавена чудна, лажна содржина односно некој во негово име ги повика граѓаните да се „регистрираат за здравствено осигурување во соработка со неколку ценети лекари од САД“.
Објавата е лажна, а на заинтересираните граѓани кои ѝ поверуваа, некој од профилот им пишуваше да „прашаат во приватна порака како да почнат да ги добиваат своите нови здравствени картички“.
Во моментов е во тек процесот на регистрација за здравствено осигурување, со соработка со неколку ценети лекари од САД. Овој конкретен план за здравствено осигурување нуди сеопфатен опсег на покриеност од десет години, обезбедувајќи сигурна и сигурна заштита за вашето здравје и во иднина, беше објавено во лажниот Фејсбук статус.