Пеп Гвардиола/фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Гвардиола пред мечот за титулата: Ќе бидам менаџер на Сити и наредната сезона

Навивачите на Манчестер сити не мора да се грижат, Пеп Гвардиола останува менаџер на актуелниот шампион на Англија и следната година.

Шпанскиот фудбалски стратег дојде во Англија во 2016 година, а потоа клубот потпиша тригодишен договор со клубот од „Етихад“.

За осум години, колку што помина на клупата, тој до сега има освоено пет титули во Премиер лигата, а минатата сезона 2002/2023 дојде и до трофејот во Лигата на шампионите.

Пред одигрувањето на последниот премиерлигашки меч денеска од 17.00 часот против Вест хем кажа дека ќе остане во клубот и следната сезона.

– Да, имам договор и сакам да бидам тука. Мојот план е да бидам тука и следната сезона – рече Гвардиола.

На едно коло до крајот во Премиер лигата на табелата „граѓаните“ имаат 88 бодови, два повеќе од второпласираниот Арсенал.

Манчестер сити може до одбрана на титулата со победа пред своите навивачи против Вест хем, или Арсенал не триумфира или освои само бод на „Емирати“ против Евертон. За Арсенал нема друга опција, играчите на Микел Артета ќе станат нови шампиони доколку ги освојат потребните три бода, а Сити загуби или одигра реми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот