
Гвардиола и Мбапе во пакет доаѓаат во Серија А?
Доколку го купи Милан, најбогатиот човек во Европа има големи планови.
Килијан Мбапе уште на 21 година се смета за еден од најдобрите напаѓачи но и фудбалери на денешницата за кого најголемите екипи пројавуваат интерес. Реал Мадрид е најзагрен за ангажман на фудбалерот на ПСЖ и нападот на францускиот репрезентативец го одложи за наредното лето, но се чини дека ќе добие сериозна конкуренција во италијанскиот гигант Милан кој преку ноќ може да стане фаворит за потписот.
Препорачано
Причината за тоа се преговорите за преземање на Милан од страна на најбогатиот човек во Европа, Бернар Арно. Имено, актуелниот сопственик на „росоњерите“ инвестицискиот фонд Елиот, од почетокот на годината тајно и далеку од очите на јавноста преговата за продажба на Милан со Арно.
Идејата на Арно е да го купи италијанскиот тим, да изгради нов стадион и да го врати Милан во европскиот крем и тоа за него се мали вложувања. Арно е најбогат човек во Европа и се трка со Џеф Безос за титулата најбогат човек на светот, моментно неговото богатство се проценува на 90 милијарди евра, а семејството Сингер кои се сопственци на фондот Елиот бараат 700 милиони евра за Милан. Оваа сума засега Арно не сака да ја плати, смета дека клубот не вреди толку и тој е подготвен да даде 600 милиони евра и да вложи дополнителни половина милијарда во изградба на нов стадион.
Доколку го купи Милан до крајот на годинава, француските медиуми тврдат дека наредното лето ќе го купи Килијан Мбапе, Арно е подготвен да плати 220 милиони евра за напаѓачот кој треба да биде клуч за доведувањето на еден од најдобрите тренери на денешницата, Пеп Гвардиола.
Арно смета дека Гвардиола лесно би се согласил да се пресели во Милан наредното лето доколку претходно пристигне и Мбапе, а згора на тоа би добил поголема сума на пати за да купи уште неколку играчи по негов вкус со што би ги вратил „росоњерите“ во трката за титулата во Серија А.