Антонио Гутереш
Антонио Гутереш, генералниот секретар на ОН/ Фото: EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV

Гутереш: Климатските промени го зголемуваат ризикот од насилни конфликти

Ефектите од климатските промени се закана дека дополнително ќе ги ескалираат проблемите во регионите што се веќе нестабилни или се во конфликт, предупреди денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

– Јасно е дека климатските промени и лошото управување со животната средина зголемуваат ризик каде што капацитетите за справување се ограничени, нагласи тој на состанокот на Советот за безбедност на ОН за климата и безбедноста.

Зависноста од намалувањето на ресурсите, како што е водата, може да ги влоши тензиите на терен, рече тој, но додаде дека тие проблеми може да се спротивстават преку мерките преземени од Советот .

– Адаптација на климата и градење мир може и треба да се зајакнуваат едни со други.

Различни членови на тоа тело на ОН го разгледаа ова прашање во минатото, на пример, обидувајќи се да спроведат систем за рано предупредување за конфликти предизвикани од климатската криза, меѓу другите дејствија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот