Гутереш: Ќе побарам од ОН да ги финансираат трошоците за меѓународните сили на Хаити

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека ќе се обиде ОН да го преземат финансирањето за структурните и логистичките трошоци на мултинационалните сили на Хаити кои се борат против насилните банди.

– Доколку Советот за безбедност го прифати овој предлог, ќе имаме услови конечно да имаме ефективна сила за да ги победиме бандите на Хаити и да создадеме услови за напредок на демократијата, рече Гутереш во Барбадос, каде што лидерите на 15-члениот карипски трговски блок Кариком се собраа на тридневна конференција за регионални прашања, вклучително и насилството на бандите на Хаити.

Тој додаде дека платите за мултинационалните сили ќе се исплаќаат преку постоечки фонд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот