Фото: Промо / Кристиан Христов

Групација „Санте Плус“ се прошири со уште една болница во Скопје: „Санте Плус 3“ е резултат на визија и на посветеност

Турскиот министер за трговија присуствуваше на отворањето на новата болница на „Санте Плус“ во Скопје, најавувајќи многу посилна соработка меѓу Турција и РС Македонија во наредниот период.

Официјално се отвори новата медицинска установа (поранешна ВФВ клиника, а денес „Санте Плус 3“), како дел од Групацијата „Санте Плус“, која се наоѓа меѓу општините Бутел, Чаир и Шуто Оризари. Оваа болница ќе биде една од најважните клинички центри во Групацијата „Санте Плус“.

Фото: Промо / Кристиан Христов

Покрај многубројните еминентни гости, на отворањето присуствуваше и заменик-претседателот на Владата на РС Македонија Арбен Фетаи, заедно со колеги од Владата и министерот за трговија на Република Турција, г. Омер Болат. Во своето обраќање, г. Фетаи истакна дека ова значајно достигнување е резултат на визијата и на посветеноста на сопственикот на Групацијата „Санте Плус“, г. Билал Кара.

Фото: Промо / Кристиан Христов

Новата медицинска установа има впечатлива инвестиција, особено во радиологијата, физиотерапијата и одделот за гастроентерологија. Располага со магнетна резонанца од 1,5 тесла, со 64-слојна компјутерска томографија и дигитална мамографија.

Фото: Промо / Кристиан Христов

„Знаеме дека потребата од овие најсовремени апарати за дијагноза е многу голема во Македонија и дека во земјата има долга листа на чекање за да се дојде до овие дијагностички процедури, па дури и во приватниот сектор. Наша цел е да ги направиме достапни овие дијагностички процедури во Македонија и тоа по многу прифатливи цени и изведени со помош на најдобра светска технологија“, изјави д-р Билал Кара, сопственик на Групацијата „Санте Плус“.

Во новата болница на Групацијата „Санте Плус“, освен на радиологијата и физиотерапијата, акцент е ставен и на одделот за термална медицинска терапија и на одделот за педијатрија. Ќе биде на располагање и итна служба достапна 24 часа, особено во интерната медицина и педијатријата.

Фото: Промо / Кристиан Христов

Групацијата „Санте Плус“ (Sante Plus Group) е дел од широката мрежа што ги вклучува Турција, Албанија, Косово, Црна Гора и Србија. Мотото на Групацијата е овозможување здравствени услуги за секого, и не само во еден медицински сегмент туку во сите здравствени области, односно понуда на најдобар можен медицински третман по најдобри цени со врвна технологија и експертски тим лекари од Македонија и од Турција.

Фото: Промо / Кристиан Христов

Експертскиот тим на „Санте Плус 3“ ви стои на располагање. За информации и закажување термин – 070 299 010.

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот