Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата задолжена за политика за добро владеење/Фото: Слободен печат

Грковска: Неподопустлива леснотија на непреземање одговорност

Неподопустлива е таа леснотија на тоа што се случува и непреземање на одговорност. Само е прашање на време и треба да бидат свесни сите, и предлагањето на овие законски решенија треба да го сфатат како знак дека ниту смее ниту може да биде како порано, изјави вицепремиерката задолжена за политики на добро владеење, Славица Грковска за ТВ Телма во врска со Предлог-законот за рестрикции.
Вицепремиерката Грковска потенцираше дека се надева оти конечно ќе проработи свеста на сите кои се на функции, во Владата, Парламентот, сите избрани и именувани во правосудните органи, универзитетската фела, кога прават нешто или коментираат одредено законско решение – дека треба да се водат од принципот на општото добро.

– Мислам дека сме презаситени од тоа да гледаме аргументи кои по секоја цена одат во заштита на личните интереси. И ако оваа енергија која се покрена со сите сили да се образложува со квазиаргументи, зошто не треба и како не треба ништо да се направи, ако беше искористена сите овие години наназад да се реагира и јавноста да се повикува да се преземат конкретни чекори во борбата проив корупцијата и криминалот и да се види ефективна постапка за лицата кои се ставени и на црната листа на САД , можеби ние денес немаше да разговараме и јас немаше да имам потреба денес да покренувам ваква инцијатива – рече Грковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот