
Грег Попович има здравствени проблеми, Сан Антонио без тренер во следниот период
Легендарниот тренер на Сан Антонио Спарс, Грег Попович (75) има здравствени проблеми и нема да може да го води својот НБА тим во наредниот период. Како што пренесуваат американските медиуми, на стратегот на франшизата од Тексас неодамна му се слошило, па ќе биде надвор од болидот на неодредено време, додека неговиот помошник Мич Џонсон ќе ги преземе сите обврски за водење на тимот.
Препорачано
ЕСПН, поточно новинарот на таа медиумска куќа, Шамс Шаранија не прецизираше за што точно се работи, т.е. со какви здравствени проблеми се соочува 75-годишниот Попович, а што е сигурно американскиот тренер со српски корени, кој мина речиси три децении на клупата на Сан Антонио, нема да биде подготвен за следните натпревари со ЛА Клиперс и Хјустон наредната недела.
– Тренерот на Сан Антонио спарс, Грег Попович имаше здравствен проблем пред натпреварот во сабота и се очекува неговиот помошник Мич Џонсон да биде привремен тренер на неодредено време. Ова ги вклучува и натпреварите во понеделник против Лос Анџелес Клиперс и Хјустон Рокетс во среда – напиша Чаранија на социјалната мрежа „Х“.
На Попович му се слоши вчера пред натпреварот со Минесота, кога Џонсон го замени на клупата, а мечот во Сан Антонио заврши со победа на Спарс од 113:103.
Тоа беше трета победа за Сан Антонио по првите шест мечеви во НБА.