Фото: EPA-EFE/JOE GIDDENS / POOL

Грција регуларно ќе продолжи со имунизацијата со вакцината на „АстраЗенека“

Грчката национална комисија за вакцинација, по одржаниот состанок за несаканите дејства по примањето на вакцината на „АстраЗенека“ оцени дека процесот на имунизација во земјата со конкретната вакцина треба да продолжи регуларно, согласно објавениот план, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Комисија соопштуваат дека според надлежните органи од Европската организација за лекови (ЕМА), досега не постои доказ дека за случаите на тромбоза причината е поврзана со вакцинацијата, но и дека со фактот што венската тромбоза не е невообичаена, очекувано е да се појави кога има голем број вакцинации.

Додаваат дека Комисијата за вакцинација, во соработка со Грчката организација за лекови, „им даваат апсолутен приоритет на прашањата поврзани со безбедноста на вакцините” и континуирано ги следат и оценуваат сите наводи за можни несакани дејства од вакцините, „со цел да се заштити здравјето на граѓаните”.

Вакцината на „АстраЗенека“, првично во Грција беше наменета за лицата до 65 годишна возраст, а минатата седмица, оваа одлука се промени, откако Комисијата за вакцинација даде зелено светло, да се користи за целото население.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!