Фото: EPA-EFE/APOSTOLIS DOMALIS

Грчките земјоделци со блокади на граничните премини Ники и Евзони

Неколкучасовни блокади на граничните премини Ники (Меџитлија) и Евзони (Богородица) кон Македонија, но само за камиони, најавија за денеска грчките земјоделци, кои продолжуваат со нивните активности во пресрет на утрешната средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Земјоделците од северозападна Грција од 12 часот по локално време го затворија преминот Ники, но само за товарни возила, кои во најголемиот дел се камиони што пренесуваат лигнит, додека пак сообраќајот на автомобили од и кон Македонија од грчка страна се одвива регуларно.

Блокадата според најавите се очекува да трае до 15 часот по локално време.

Земјоделците од северниот дел на земјата преку Поликастро претпладнево се упатија кон граничниот премин Евзони, со цел неколку часа да го блокираат сообраќајот на товарни возила, меѓутоа на неколку пат попатно наидоа на полициски блокови кои успеаја да ги избегнат преку локални и споредни патишта.

Кусо по 13 часот по локално време со тракторите стигнаа на граничниот премин, но според информациите на дописничката на МИА од Атина, до 13.30 часот по локално време сообраќајот и на автомобили и на камиони се одвиваше регуларно.

Претставници на земјоделците, вкупно 15 лица од цела Грција утре напладне ќе се сретнат со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во Атина, а не е исклучена можноста доколку нема договор на утрешната средба, дополнително да ескалираат активностите и да резултираат со целосни блокади како на автопатите така и на граничните премини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот