Фото: Facebook/Артан Груби

Граничен полицаец заработи кривична пријава бидејќи дозволил Груби да ја напушти државава

Полицаец кој работел на Граничниот премин „Долно Блаце“ заработи кривична пријава бидејќи дозволил поранешниот вицепремиер Артан Груби да ја напушти државава.

Како што информираат од МВР, на 15.12.2024 во 09.06 часот, извршувајќи работни задачи на работно место полицискиот службеник Б.Ј. во Полициската станица за граничен премин „Долно Блаце“, во кабина на излез од државата, со пропуштање на должен надзор, пријавениот дозволил излез на патничко возило џип „мерцедес“ со конзуларни регистарски ознаки, управувано од почесниот конзул на Косово во Македонија, Арсим Папранику,, а сопатник бил Артан Груби од Скопје, за кого постоела активна мерка „задржи и веднаш извести“, согласно распишана телеграма од Одделот за криминалистичка полиција при МВР.

„Со ваквото дејствие, полицискиот службеник Б.Ј. му овозможил на А.Г. да оствари излез од државата и покрај внесената мерка „задржи и веднаш извести“, а исто така, со дејствието нанел штета на угледот на МВР. Имено, полицискиот службеник Б.Ј. не извршил адекватни проверки за возилото „мерцедес“ при премин на државната граница, не го евидентирал за остварување на излез и патниците од возилото ги завел дека пешки ја поминале границата. Исто така, при граничната проверка не почекал системот да утврди дали за лицата има активна мерка, туку веднаш им ги дал патните исправи, по што тие го напуштиле граничниот премин“, информираат од МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и изрече задолжителни мерки полицискиот службеник да биде суспендиран од своето работно место до завршување на дисциплинската постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот