фото: ffm.mk

Гранд Ауто постигна договор со Фудбалската федерација на Македонија

Гранд Ауто, официјалниот застапник на Ford, Hyundai, MG Motor и Chery за Македонија постигнаа договор со Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) за поддршка на Фудбалската федерација на Македонија и нашите национални репрезентации.

Ford и Hyundai, како докажани пријатели на спортот во светски рамки и нераскинлив дел од сите важни моменти од големите натпреварувања, европски и светски првенства, а пред почетокот на новиот квалификациски циклус на македонската репрезентација за мундијалот 2026 година, Гранд Ауто и ФФМ интензивно се подготвуваат за креирање на вистинска навивачка атмосфера и поддршка на нашите фудбалери на патот кон нов историски успех.

Ни претставува задоволство што денеска нашата репрезентација и „Куќата на фудбалот“ добиваат нов партнер во името на Гранд Ауто. Нѐ радува тоа што едни од најпрепознатливите автомобилски брендови, стануваат дел од фудбалското семејство.

Уште повеќе поради фактот што просечната старост на возилата во ФФМ до овој момент беше речиси 18 години и повеќе од двесте илјади минати километри. ФФМ никогаш досега немала партнер во име на официјален застапник на автомобилски бренд во овој обем, но тука сме да ги менуваме работите и во овие нецели два месеци, промените се случуваат.

Правиме сѐ за да овозможиме најдобри услови за репрезентациите и нивната логистика, а оваа соработка е токму во таа насока. Верувам дека заеднички со Гранд Ауто ќе се радуваме на нови победи, ќе ја бодриме нашата репрезентација и ќе славиме за нови победи. Благодарност до сите во Гранд Ауто за поддршката и за тоа што верувате во подобра федерација и нови победи за македонската репрезентација – истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот