Групна фотографија на финалистите, наградените и комисијата на „Литературни искри“

Гран-при на јубилејниот меѓународен поетски фестивал „Литературни искри“ за Сара Ѓорѓијоска

Во чест на 24 Мај – Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј на 21 мај се одржа Десеттото издание на меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во НУ Центар за култура „АСНОМ“ во Гостивар.

Комисијата во состав Маја Апостолоска, претседател, и членовите Бранко Цветкоски и Слаѓана Брезовска, највисоката награда Гран-при на „Литературни искри 2023“ ја додели на поетесата Сара Ѓорѓијоска од Куманово.

За најдобар странски автор е прогласена Александра Вујишиќ од Подгорица, Црна Гора. Првата награда ѝ припадна на Лидија Размоска Тримовска од Скопје, втората на Силвана Димитриевска од Скопје, а третата награда на Анета Велкоска Ода од Скопје. За најуспешна млада искра е прогласена 17-годишната Марија Јанчевска од Скопје.

Пред свеченото доделување на наградите во Центарот за култура во Гостивар, дванаесетте финалисти ги прочитаа нивните дела со кои учествуваа на конкурсот.

Оваа година во две возрасни категории се пријавија 184 поети од Македонија, Словенија, Романија, Албанија, Србија, Хрватска и Црна Гора. Во склоп на манифестацијата беше промовирана најновата заедничка поетска збирка „Литературни искри 2023“.

Организаторите на фестивалот, традиционално на наградените поетеси им доделија плакети, а на останатите финалисти и застапени автори во заедничката поетска збирка им додели дипломи.

Реализацијата на јубилејното издание на „Литературни искри“ беше поддржана од Министерството за култура и Општина Гостивар. Носител на проектот е Здружение „Милениум“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 180, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 27-28.5.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот