Фото: Методи Здравев / Слободен печат

ВИДЕО | Граѓаните утрово го блокираа мостот „Близнаци“ поради загадувањето на воздухот

Протестот, како што велат од граѓанската и иницијатива „Стоп за Вардариште“, ќе трае секој ден и тоа еден час наутро, од 7.30 до 8.30 и попладне во 18 часот.

Граѓанската иицијатива „Стоп за Вардариште“ утрово го блокираше сообраќајот на мостот „Близнаци“ помеѓу општините Аеродром и Гази Баба, против загадувањето на воздухот. Тие ги повторија своите барања за решавање на проблемот со дивата депонија Вардариште.

Незадоволството на граѓаните на Скопје не запира поради неподносливата смрдеа што се шири со денови и алармантата состојба во која се наоѓа градот. Протестот, како што велат од граѓанската и иницијатива „Стоп за Вардариште“, ќе трае секој ден и тоа еден час наутро, од 7.30 до 8.30 и попладне во 18 часот.

Од иницијативата претходно го најавија протестот за денеска во 7:30 часот.

– Овој чекор го преземаме поради немањето слух на надлежните органи за нашите барања и се поголемото труење кое му се прави на овој народ, наведуваат во најавата за протестот од „Стоп за Вардариште“, кои изминатите денови на истата локација организираа протести во тек на вечерните часови.

Протестите започнаа пред десетина дена, кога пожар избувна на депонијата Вардариште и почна да се шири миризба на пластика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот