чешма

Граѓаните рационално да ја користат водата, повторно во Скопје се трошат по 350 илјади кубици дневно

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ денеска одново апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата за пиење, поради тоа што, откако извесен период водоснабдувањето беше донекаде нормализирано, сега одново потрошувачката е над 350 илјади метри кубни вода.

Апелираме до граѓаните на градот Скопје рационално да ја користат и употребуваат водата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови- велат од претпријатието.

Оттаму посочуваат дека енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво, предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем, а како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот.

Од претпријатието, веќе вообичаено, ги повикуваат жителите да пријават доколку забележат какво било истекување на вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот