Граѓаните електронски можат да проверат дали им е готов пасошот

Стариот и новиот Mакедонски пасош/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерството за внатрешни работи ја стави во функција опцијата преку која граѓаните можат да го проверат статусот на нивниот пасош, односно дали истиот е во процес на изработка или е изработен и може да се подигне.

Оваа можност се однесува само за граѓаните од Скопје кои се фотографирале во редовна постапка на пунктовите Пролет и МТВ.

– Со оваа функција значително ќе се придонесе кон намалување на метежот што се создаваа бидејќи граѓаните беа принудени да чекаат и по неколку часа само за да се информираат дали нивниот пасош е изготвен – велат од МВР.

Министерството соопшти дека работат на надградување на овој систем, со цел да се овозможи ваквата проверка да биде достапна и за останатите пунктови, како и за статусот на личните карти.

Проверката е достапна на следниот линк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот