Графичка книга: „Животот на смртта“ од Перо Георгиев

Издавачката куќа „Или-Или“ ја објави дебитантската графичка книга „Животот на смртта“ од Перо Георгиев. Станува збор за цртежи придружени со кратки, но мудри текстови, кои претходно авторот ги објавуваше на социјалните медиуми, а во книгата се подредени во тематски поглавја и сместени на едно место на 240 страници.

– Серијата на создадени дела, кои можеби најмногу соодветствуваат со заедничкото именување текст-цртеж на Перо Георгиев, дивергира кон неколку епистемиолошки категоризации. Графичкиот (цртачкиот) спектрум изобилува со мноштво на композитни пораки кои минуваат низ три клучни стилски преобразби: интимен свет, општествено опкружување и универзални вредности. Текстуалните предлози навидум конвергираат кон истите теми кои се обработуваат во цртежот, но тие поседуваат сопствена автономија на мислата, која вешто се преобразува низ екстензија на нови исцртани или илустрирани замисли. Она што ја прави оваа графема или прозна сликовност невообичаена и исклучителна е опсегот на теми и проблематики кои го окупираат интимниот свет на Георгиев, подготвеноста за воспоставување на општа дискурзивна полемика и своевидна артикулација во облик на социо-естетика – забележа рецензентката Натали Рајчиновска Павлеска. Перо Георгиев (1970) е архитект и дизајнер. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 66, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 30-31 јануари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот