Екрем Имамоглу, градоначалник на Истанбул/Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу сменет од функцијата откако беше уапсен

Турското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу е сменет од функцијата откако турскиот суд официјално го уапси под обвинение за корупција.

Градскиот совет на Истанбул, каде што главната опозициска Републиканска народна партија има мнозинство, се очекува да избере вршител на должноста градоначалник во наредните денови, по разрешувањето на Имамоглу.

Имамоглу е клучна опозициска фигура и потенцијален противник на претседателските избори на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

ВИДЕО | Илјадници луѓе протестираа по апсењето на градоначалникот на Истанбул

Тој беше приведен во средата под обвинение за корупција и помагање на терористичка група, но тој ги негираше обвиненијата, нарекувајќи ги „незамислива клевета“.

Турската влада негираше какво било влијание врз апсењето на Имамоглу, наведувајќи дека судството е независно.

Турскиот претседател, кој владее со земјата повеќе од 22 години, во саботата ја обвини партијата на Имамоглу дека се обидува да ја „провоцира нацијата“ и рече дека нема да толерира вандализам.

Имамоглу, кој според некои анкети имаше поголема поддршка од јавноста од Ердоган, требаше да биде именуван за официјален кандидат на ЦХП на претстојните претседателски избори.

Градоначалникот на Истанбул од притвор повика на масовни протести низ Турција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот