Приватен градски автобус 23 / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Советот на Град Скопје го изгласа покачувањето за приватните превозници

Со 28 гласа „за“, ниту еден „против“ и еден „воздржан“, советниците на Град Скопје доцна вечерва ја изгласаа Одлуката за утврдување на вредност на надомест за извршени услуги во линискиот превоз на патници, по критериумот – остварен километар.

Во зависност од цената на дизел горивото, приватните превозници од 1 јануари од ЈСП ќе добиваат најмалку 68,65 денари, а најмногу 113,20 денари по изминат километар.

„По иницијатива на член на Советот одржавме 16-та вонредна седница, каде што по неколкучасовна расправа беше предложен заклучок кој тука беше изгласан со мнозинство од присутните. Со оглед на тоа што службите на Град Скопје, односно Секторот за поддршка на Советот не го изготви или не го даде заклучокот за да го проследам до градоначалникот. Заклучокот беше подготвен и проследен до градоначалникот. Градоначалникот по закон има обврска во рок од седум дена да го објави прописот, во овој случај заклучок или ако не го објавува да даде образложение зошто не го објавува. Тоа не е направено. Поради тоа, јас како претседател на Совет поднесов претставка до Државниот инспекторат за локална самоуправа и тие извршија надзор, изготви записник во кој беа констатирани неправилности во работата на администрацијата на Град Скопје од аспект на бојкот за неброење на гласовите, неизготвување на прописи и итн. И вчера на 23 декември претходеше записник, донесено е решение од страна на Државниот инспекторат за локална самоуправа со кое што се изрекува мерка опомена на градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска. Опомената се изрекува токму поради непостапување за необјавување на пропис во Службен весник, во овој случај заклучокот во дадениот рок и недавање образложение зошто тоа не е направено“, рече Славески.

Цветанка Соколова Младеновска, раководител на сектор во Град Скопје, рече дека по однос на поднесената иницијатива и дневниот ред на вонредната седница, раководителите на секторите реагирале уште истиот ден и доставиле известување до претседателот на Советот со кое укажале дека нема да изработат документ спротивно на законските прописи, со оглед на тоа што, како што рече, заклучокот кој бил предложен не бил донесен од страна на советниците.

„За таа цел беше доставена и претставка до Инспекторатот за локална самоуправа. Пред да дојде на надзор Инспекторатот, од страна на претседателот на Советот беше изготвен записник, односно заклучок кој беше доставен до градоначалник на Град Скопје. По однос на заклучокот, градоначалникот достави известување во кое што укажа дека самиот документ кој е насловен како заклучок не е изработен од страна на стручните служби во градската администрација, кој што не само согласно Деловникот туку и согласно одлуката за внатрешна организација се единствено одговорни и надлежни за изготвување на вакви акти пред други акти во надлежност на Советот. Така, изготвениот записник од седницата беше доставен до претседателот на Совет кој изврши своевидна корекција надвор од деловнички пропишаната постапка за изготвување на записник и доставување до советниците“, рече Младеновска.

Денеска седница на Советот: Ќе гласаат или не советниците од ВМРО-ДПМНЕ за предлозите на Арсовска?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот