Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Град Скопје ги казни превозниците „Менсур Турс” и „Ганиќ ексклузив”

Инспекторатот на Град Скопје во текот на денешниот ден изврши вонреден надзор на терен преку контроли на автобусите и комбињата кои вршат превоз на патници,  при што изрече две казни за фирмите „Менсур Турс” и „Ганиќ ексклузив” од Скопје, информираат од Град Скопје.

-Градот Скопје ќе продолжи со секојдневни теренски контроли и инспекциски надзори на превозниците на патници, со цел доследно почитување и спроведување на законските прописи за вршење на оваа дејност. Ги повикуваме фирмите превозници на патници да се придржуваат до законите во нивното секојдневно работење, со цел овозможување квалитетен и безбеден превоз за граѓаните, велат од Град Скопје.

Вчера Инспекторатот изрече казна за фирмата „Друштво за транспорт трговија и услуги Ројал Травел ДООЕЛ увоз-извоз Скопје”, поради вршење превоз без лиценца. Против фирмата ќе биде поднесена пријава до надлежните институции, информираа од скопската локална самоуправа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот