Израелски напади врз појасот Газа EPA/MOHAMMED SABER

Говорот на Нетанјаху во ОН ќе се емитува преку звучници во Појасот Газа

Говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред Генералното собрание на ОН во Њујорк денес ќе биде емитуван преку звучници во Појасот Газа, јавуваат израелските медиуми.

Израелскиот весник „Хаарец“ објави во статија во која се повикува на израелски воени извори дека се во тек подготовки за емитување на говорот на Нетанјаху (закажан за петок во 16 часот) преку звучници што ќе бидат поставени на камиони во близина на оградата на границата меѓу Израел и Појасот Газа.

„Јужната команда на израелските вооружени сили доби наредба да се вклучи во она што високи офицери го опишуваат како „психолошка војна“ со емитување на говорот на Нетанјаху преку звучници што ќе бидат поставени на камиони“, објасни „ Хаарец “ во својата статија .

„Никој не разбира каква е воената корист “, изјави висок офицер за весникот, додека роднините на израелските заложници што сè уште се држат во Газа, исто така, ја критикуваа одлуката.

Од своја страна, новинската веб-страница Ynet објави дека канцеларијата на Нетанјаху ѝ наредила на армијата да постави звучници во близина на палестинските заедници за да го емитува неговиот говор на Генералното собрание на ОН.

Во моментов, нема официјална потврда од израелската армија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот