
Готово: Тренерот Маурицио Сари ќе го напушти Лацио
Се чинеше дека ќе остане и верува дека може да обезбеди учество во Лигата на шампионите за следната сезона, но Маурицио Сари поднесе оставка на местото тренер на Лацио.
Препорачано
Не поминаа ни 24 часа по поразот од Удинезе (1:2), а искусниот тренер донесе одлука да го напушти римскиот клуб. Ова беше четврти последователен пораз за фудбалерите на Лацио, вкупно петти во последните шест натпревари.
Во претходниот месец се чинеше дека Сари полека ја губи довербата во тимот. Од победата над Баерн единствена светла точка беше триумфот на гости кај Торино. Иако тимот од Рим во Минхен пристигна со позитива од првиот натпревар, евидентно беше дека е само прашање на време кога Баварците ќе ја тресат мрежата на Иван Проведел и ќе обезбедат пласман во четвртфиналето.
?? Maurizio Sarri has just resigned as Lazio manager — he has informed the club early this afternoon. pic.twitter.com/ihFH952DY3
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) March 12, 2024
Медиумите во Италија во понеделникот објавија дека Сари одлучил да остане на клупата и дека целта е петтото место кое најверојатно ќе води во Лигата на шампионите. Сепак, еден од најсигурните новинари во Европа, Фабрико Романо, пренесува дека поранешниот тренер на Наполи, Челси и Јувентус го известил раководството дека ќе го напушти тимот.
Главното прашање сега е кој ќе го преземе Лацио? На Апенините веќе почнаа списоците со имиња, а се споменуваат Анџело Грегучи, Томасо Роки и Мирослав Клосе. Лацио моментно е на 10 место во Серија А со 40 освоени бодови по 28 кола. Позицијата број пет ја зазема градскиот ривал Рома со осум бода повеќе.