Фото: EPA-EFE/DAVID CLIFF

Готово: Кевин Де Брујне го избрал новиот клуб

Белгискиот фудбалски маестро Кевин де Брујне беше херој на својата репрезентација во синоќешниот драматичен триумф над Велс, постигнувајќи го победничкиот гол. Но по крајот на репрезентативните обврски, вниманието ќе се пренасочи кон неговата клупска иднина, која веќе добива јасни контури.

Како што јавуваат италијанските и британските медиуми, Де Брујне нема да патува со Манчестер сити на Светското клупско првенство, а од 1 јули ќе биде слободен агент. Следната станица во неговата блескава кариера ќе биде италијанскиот шампион Наполи, клуб кој успеа да го убеди 33-годишниот плејмејкер дека Неапол е вистинското место за нов почеток.

Иако имаше атрактивни понуди од Саудиска Арабија и МЛС, Де Брујне реши да остане во Европа со јасна цел, да докаже дека и понатаму може да игра на највисоко ниво. Според информациите, Наполи веќе пред еден месец ги интензивираше преговорите, по што белгискиот интернационалец ја прифатил понудата на претседателот Аурелио Де Лаурентис, двегодишен договор вреден 10 милиони евра по сезона (вклучувајќи бонуси).

Во наредните денови се очекува Де Брујне да отпатува во Рим каде ќе ги изврши задолжителните медицински прегледи, а потоа ќе следува и официјалното претставување во Неапол, како големо засилување на Наполи во новата сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот