
Гостинка на „Риц-Карлтон“ го тужи хотелот: Вработен ѝ послужил вода со сперма
Жена која престојувала во хотелот „Риц-Карлтон“ надвор од Сан Франциско за да го прослави својот роденден, тврди дека била „сексуално нападната и експлоатирана“ откако вработен во луксузниот хотел ѝ послужил шише вода во која „ја ејакулирал неговата сперма“, според тужбата поднесена до федералниот суд, пишува „Њујоркпост“.
Препорачано
Мајката на три деца, идентификувана во судските документи само како Џејн До, резервирала соба во хотелот со пет ѕвездички „Риц-Карлтон“ заедно со нејзиниот сопруг во ноември 2022 година за да доживеат мирен роденденски викенд.
За време на нејзиниот престој од четири ноќи, Џејн нарачала вода во својата соба и пиела од хотелското шише со вода среде ноќ кога „сфатила дека вкусот и текстурата на водата што ја проголтала можеби биле сперма“.
„Џејн беше огорчена, преплашена, засрамена и понижена, но го сподели своето сомневање со нејзиниот сопруг“, се вели во судските документи.
Менаџментот од хотелот „Риц-Карлтон“ го испратил шишето со вода во лабораторија за анализа и тестирањето, всушност, потврди дека водата содржи сперма.

Пред да биде „извалкана од криминален девијант“, Џејн во документите тврдела дека таа и нејзиниот сопруг престојувале во хотелите „Мериот“ најмалку 600 пати, вклучително и во хотелот со пет ѕвездички „Риц-Карлтон“. Џејн исто така тврди била трауматизирана од тоа искуство и отишла да бара терапија.
„За работите да бидат уште полоши, менаџментот одби да им дадат на Џејн и Џон Доу копија од вистинските лабораториски резултати за предметното шише со вода“, се вели во тужбата.
Во меѓувреме, истрагата на органите за спроведување на законот за тоа кој го контаминирал шишето со вода е запрена бидејќи хотелот одбивал да го предаде извалканото шише, што ги спречува властите да ја вкрстат ДНК во водата со регистрите на сексуални престапници.
„Риц-Карлтон и Мериот Интернешнл, исто така, одбија да го откријат идентитетот на вработените во хотелот кои беа на должност тој ден, за да може да се испита нивното потекло и криминалната историја“, се наведува во тужбата.
Инаку во тужбата се бара отштета за сексуална навреда и невнимание и се бара судење пред поротата за да се реши случајот.
„Една од главните грижи на нашите клиенти е дека овој девијант е фатен за да не биде жртва на никој друг“, изјави авокатот на жртвата.