
Горчливото е здраво: Кардиохирург тврди дека пет видови зеленчук треба да се јадат секој ден
Доктор Стивен Гандри, експерт за здравје на цревата и кардиохирург со повеќе од 25 години искуство, истакнува дека здравите црева се основа на целокупното здравје, одговорни за сè – од имунитет до долговечноста и функцијата на мозокот. Клучна навика што помага во одржувањето на ова здравје е јадењето вистински зеленчук, пишува „Си-ен-би-си“.
Препорачано
Според неговите зборови, најздравиот зеленчук има две важни карактеристики: богати се со полифеноли и имаат горчлив вкус. Токму овие соединенија ги хранат корисните бактерии во цревата, ги намалуваат воспаленијата и ги подобруваат менталните функции.
Петте најздрави видови зеленчук, според д-р Гундри, кои вреди да се јадат секој ден.
Зеленчук од групата крстоцветни растенија
Брокулата, прокељ, карфиолот, зелката, руколата и репата се исклучително корисни за здравјето на цревата. Овие зеленчуци го поттикнуваат производството на постбиотици, супстанции кои настануваат со ферментација во цревата и го зајакнуваат имунитетот. Тие исто така ја поддржуваат работата на митохондриите, кои се задолжени за создавање енергија во телото. Богати се со сулфурни соединенија кои го подобруваат здравјето на крвните садови.
Совет: Зеленчукот секогаш сечкајте пред готвење за да го активирате ензимот што дополнително ги подобрува неговите антиканцерогени својства.
Артичока
Артичоките се суштински дел од медитеранската исхрана. Тие содржат инулин, пребиотско влакно кое ги храни добрите бактерии во цревата. Нискокалорични се, а богати со калиум, витамин Ц, магнезиум и фолати. Стебленцата не ги фрлајте, бидејќи содржат најмногу влакна. Артичоките може да се јадат варени на пареа, динстани, па дури и сирови.
Коренест зеленчук
Не секој корен ги содржи истите придобивки. ‘Рдоквата, кромидот, лукот и коморачот (дива мирудија) имаат ниска содржина на шеќер и се полни со пребиотици. Здрави се и слаткиот компир (батат), репката и рутабагата.
Совет: Варени моркови и цвекло јадете умерено, бидејќи тие ослободуваат шеќери. Наместо тоа, изберете сирово цвекло со маслиново масло и нане.
Радич и горчлив лиснат зеленчук
Популарни во Италија и Франција, зеленчукот како цикоријата и ендивијата содржат изобилство од инулин и полифеноли. Нивната горчина е знак за висока антиоксидантна вредност. Радичот е особено богат со антиоксиданти кои го штитат телото од штетните ефекти на слободните радикали. Одлично е да ги јадете сирови.
Шитаке печурки
Печурките шитаке содржат бета-глукан, супстанција која го намалува холестеролот и го поддржува здравјето на цревата. Можат да се најдат во повеќето продавници и лесно се подготвуваат во вок или во супи.
Совет: Печурките не ги јадете сирови, бидејќи некои видови може да содржат токсини.