Ѓорчев: Mорбидни и бизарни се „изборите” на СДСМ во ден со 25 мртви

Морбидно и бизарно е да се одржуваат внатрепартиски избори во ден кога во Македонија има 25 мртви од корона вирусот, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев

Според него, срамота е да се прогласува голема партиска победа на СДСМ и Зоран Заев додека стотици луѓе умираат се борат за воздух, се дават и се гушат.

-Денес, Северен Заевистан имаше избори како во Северна Кореја. Недозволиво и незаконски е да се одржуваат избори во училишта, во јавни установи, во домови на култура, со брза помош да се пренесуваат гласачи во избирачки места во штабовите на СДСМ. Срамно дури и за еден хибриден режим којшто има најмногу мртви по глава на жител во светот и најмалку вакцини. Фијаско, срамота и катастрофа, дополнува Ѓорчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот