фото: принтскрин/твитер

Големо браво за Мурињо, убав пример од „Специјалниот“ (ВИДЕО)

Тренерот од Португалија е дел од хуманитарна организација со цел да им се помогне на старите лица кои не се во состојба сами да ги набават своите производи.

Португалскиот менаџер на Тотенхем, Жозе Мурињо им даде убав пример на останатите дек треба да се обрати поголемо внимание на најстарите во времето на нивната константна изолација.

Стратегот на премиерлигашкиот клуб од Лондон не седи често во изолација, смета дека има попаметна работа во време кога вирусот Ковид-19 ја нападна и Англија поради што постарите граѓани се во карантин во траење од 12 недели.

„Специјалниот“ како што исто така го нарекуваат, во понеделникот во Енфилд им се придружи на активистите на една хуманитарна организација која ги обезбедува основните производи како храна, лекови на старите лица кои не се во состојба сами да ги набават.

Радост и насмевки кај лицата кога го видоа славниот Мурињо на прагот со торби, ќеси во рацете, а секако Португалецот со добра заштитна маска на лицето и со ракавици.

Организацијата очекува дека преку разни донации очекува да собере 10 милиони фунти, што ќе се искористат за да им се помогне на своите постари граѓани, соочувајќи се со тежок период на осаменост, грижа и изолација.

Браво за Мурињо Мурињо кој даде убав пример во овој тежок период за сите…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот