Македонски автобус Бугарија
Запалениот македонски автобус во Бугарија/ Фото EPA-EFE/VASSIL DONEV

„Голема трагедија“: Светските медиуми го опишаа трагичниот настан

Најголемите светски медиуми утрово ја објавија тажната вест за запалениот македонски автобус во Бугарија. Во несреќата загинаа 46 лица, меѓу кои 12 деца.

Британски Би-Би-Си ги пренесе изјавите на премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Бујар Османи, како и изјавата на бугарскиот премиер Стефан Јанев.

Се ​​надеваме дека ќе извлечеме поуки од овој трагичен инцидент и ќе можеме да спречиме такви инциденти во иднина, им рече Јанев на новинарите од местото на несреќата.

Американската медиумска куќа Си-Ен-Ен објавија дека надлежните бугарски екипи ќе извршат дополнителни истраги за потенцијалните причини за несреќата.

Тие потврдија дека во автобусот имало 52 патници.

Германската ДПА на својот Твитер профил ја пренесе информацијата за загинатите во автобусот.

Француската медиумска куќа АФП исто така на Твитер објави информации од настанот.

Ројтерс го опиша случајот како голема трагедија во која животот го загубиле и неколку деца.

Британски Гардијан пренесе изјави од бугарските медиуми.

„Сликите се застрашувачки, многу застрашувачки. Никогаш порано не сум видел такво нешто“, изјавил Бојко Борисов за бугарските медиуми, пренесува Гардијан.

Руски ТАСС само потврди за настанот, велејќи дека автобусот со туристи се запалил околу 3 часот наутро.

АП ги пренесува информациите и изјавите од бугарските медиуми, цитирајќи ги Борисов и Јанев.

Британски Скај пишува дека ова е „огромна трагедија“ и испрати сочуство до семејствата на загинатите.

Германски Билд ја објави локацијата на настанот, цитирајќи ја бугарската новинарска агенција.

Блумберг и на својот Твитер профил ја објави тажната вест, повикувајќи се на АП.

Австриски Кронен Зејтунг ја потврди веста за починатите 46 лица во големата несреќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот