Доли Партон/Том Круз/Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER / EPA-EFE/BIANCA DE MARCHI

Голема чест: Том Круз и Доли Партон ќе добијат почесни Оскари

Холивудската ѕвезда Том Круз и легендарната пејачка и актерка Доли Партон ќе добијат почесни Оскари за животно дело оваа година, објави Холивудската академија за филм.

Победниците ќе добијат статуетки на Оскар на годишната церемонија на доделувањето на наградите „Гувернерс“ во ноември.

Том Круз, кој во моментот игра во филмот „Невозможна мисија – Конечното пресметување“ (Mission: Impossible – The Final Reckoning) и е познат и по „Топ Ган“ (Top Gun), беше избран поради неговата повеќедецениска посветена актерска работа.

Тој беше номиниран двапати за Оскар за најдобар актер, за „Роден на 4 јули“ (Born on the Fourth of July) и „Џери Магваер“ (Jerry Maguire), како и за најдобра споредна улога во филмот „Магнолија“ (Magnolia).

Доли Партон, ѕвезда на кантри музиката и актерка во филмовите „Челични магнолии“ (Steel Magnolias) и „Најдобрата јавна куќа во Тексас“ (The Best Little Whorehouse In Texas), исто така ќе биде добитничка.

Партон беше номинирана двапати за Оскар за најдобра песна.

Како добитници на Круз и Партон ќе им се придружат и Деби Ален и Вин Томас.

– Овогодинешните награди „Гувернерс“ ќе слават четири легендарни поединци чии извонредни кариери и посветеност на нашата филмска заедница продолжуваат да оставаат траен впечаток – изјавила претседателката на Академијата за филмски уметности и науки, Џанет Јанг.

На Партон ќе ѝ биде доделена и хуманитарната награда „Џин Хершолт“.

Јанг рекла дека кантри ѕвездата „го отелотворува духот“ на наградата „преку својата непоколеблива посветеност на добротворни напори“.

Фондацијата „Библиотека на имагинацијата“ на Доли Партон обезбедила повеќе од 284 милиони бесплатни книги за деца во текот на 30 години, според податоците на фондацијата.

ФОТО | Славниот актер пристигна во Кан и сѐ запре: Сите се прашуваат дали Том Круз има „нешто во ракавот“ овој пат

Доли Партон се збогуваше со сопругот: Тој велеше дека неговиот живот започнал на денот кога ја запознал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот