Полиција / Фото: МВР

Голем верижен судир на скопската обиколница вечерва

Сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила се случила вечерва на скопската обиколница, на делот меѓу Волково и Стенковец, објави „Скопјеинфо“.

Очевидци пренесуваат дека сообраќајот во овој дел се одвива отежнато, а на терен присутни полициски службеници го регулираат движењето. Поради слабата осветленост на тој дел од обиколницата, возачите се повикуваат на зголемена претпазливост.

Засега нема информации за евентуални повредени во верижниот судир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот