Фото: Olympique Lyonnais/X

Голем пресврт во Франција: Лион нема да биде исфрлен во втора лига!

По големата неизвесност и финансискиот хаос што го зафати клубот, Лион конечно доби зелено светло, следната сезона ќе продолжи да се натпреварува во Лига 1 и ќе учествува во Лигата на Европа.

Францускиот фудбалски гигант беше на раб на катастрофа, откако поради непочитување на финансиските критериуми се најде под закана да биде исфрлен во Лига 2. Привремената одлука предизвика бурни реакции во јавноста и страв кај навивачите на овој трофеен клуб, но ситуацијата сега е стабилизирана.

Сепак, Лион нема целосна финансиска слобода. Клубот ќе биде под финансиски надзор и ќе има сериозни ограничувања кога станува збор за платите и трансферите. Тоа значи дека ќе мора внимателно да ги менаџира средствата, додека на теренот ќе се обиде да го задржи конкурентното ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот