Фото: FC Shkupi

Голем гест на Шкупи: Го повлече дресот на Андреј Лазаров, а договорот во целост ќе биде исплатен на неговото семејство

Фудбалерот Андреј Лазаров беше една од жртвите во трагедијата во Кочани, а неговиот клуб Шкупи сега се одлучи на потег со кој сака да покаже почит и да изрази благодарност за неговиот придонес.

Шкупи ќе го следи потегот на Тиквеш кој тоа го направи претходно и се одлучи да го повлече дресот со број „77“ кој во клубот од Чаир го носеше Лазаров.  Освен тоа клубот истакна и дека неговиот договор во целост ќе биде исплатен кон неговото семејство.

„ФК Шкупи донесе одлука да го повлече од употреба бројот 77, кој го носеше Андреј Лазаров сè до неговото прерано заминување од овој свет. Ова е еден мал гест од наша страна, во знак на почит и благодарност за неговиот придонес во клубот. Исто така, клубот одлучи неговото семејство да ги добива платите според договорот што Лазаров го имаше со ФК Шкупи. Андреј Лазаров засекогаш ќе остане дел од историјата на ФК Шкупи, а овие одлуки донесени од раководството се мал знак на почит за оддавање чест на неговото сеќавање“, објави Шкупи.

Тиквеш го повлече дресот со број 16 во чест на Андреј Лазаров

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот