Фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Голем гест: Американски тенисер ќе ја донира заработката од Австралија Опен за погодените во пожарите

Aмериканскиот тенисер Тејлор Фриц денеска најави дека ќе донира 82.000 долари колку што заработи за победата во првото коло на Австралија Опен.

Фриц парите ќе ги донира на погодените од големите пожари на поширокото подрачје во Лос Анџелес.

„Чувствувам дека тоа е најмалку што можам да го направам“, изјави четвртиот тенисер во светот кој е роден во Санта Фе каде и што се уште живее.

На минатогодишниот Ју-Ес Опен Фриц стигна до финалето, а изминатата вечер се пласираше во третото коло на Отвореното првенство на Австралија откако го победи Чилеанецот, Кристијан Гарин со 6-2, 6-1, 6-0.

Во Мелбурн во наредното коло Фриц ќе се соочи со францускиот ветеран Гаел Монфис кој е на 41. место на АТП листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот