
Го поделија имотот: Еве што ѝ припадна на Драгана Мирковиќ по разводот од Тони! Пејачката сега е побогата дури и од Брена
Имотот на српската пејачка Драгана Мирковиќ и нејзиниот сега веќе поранешен сопруг, претприемачот Тони Бијелиќ, е официјално поделен откако двојката го заврши својот брак и судски. Меѓу другото, Драгана го доби луксузниот замок во близина на Виена, Австрија.
Препорачано
Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ и официјално се разведоа завчера, по 25 години брак. Разводот се финализираше откако пејачката ги потпиша сите потребни документи пред судските органи.
Инаку, откако Тони се исели од замокот во Виена, пејачката во него остана сама, но листата на имот што го стекнале во текот на сите овие години е долга.
Драгана се наоѓа и на листите на една од најбогатите јавни личности од овие простори. Нејзиното богатство, според најновата проценка на веб-страницата „Net Worth Celebrities“, изнесува 100 милиони долари, со што ја престигна и регионалната ѕвезда Лепа Брена.
Значајни извори на приход биле оние што ги создале преку заеднички деловни потфати. На прво место, станува збор за телевизијата на чие чело се наоѓа пејачката од 2005 година. Сега веќе поранешните сопружници поседуваат и компанија за продажба на луксузни автомобили веќе 10 години, а меѓу нивните муштерии се и голем број нејзини колеги.
Драгана и Тони поседуваат бројни недвижности, некои во Австрија, некои на Балканот, а познато е и дека тој го препишал своето богатство на пејачката. Замокот е декориран според најнов стил, а деталите од ентериерот се импресивни.
Големата куќа во која живееле се наоѓала во непосредна близина на замокот, кој е на периферијата на австриската престолнина.
Сопругот на Драгана Мирковиќ љуби 15 години помлада жена: Се запознале на концерт на пејачката