фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Ѓуроски: Барам поддршка од медиумите и од целокупната спортска јавност во земјава

Марјан Илиевски на прес-конференција беше промовиран како нов селектор на најдобрата македонска машка кошаркарска репрезентација.

Младен Ѓуроски, потпретседателот на Кошаркарската федерација на Македонија се надева на успешни игри на сениорскиот национален тим, а побара од присутните претставници на седмата сила, но и од јавноста, особено онаа кошаркарската, максимална поддршка за момците во „црвено-жолта“ комбинација, онаа на националниот дрес.

– Мило ми е што Марјан Илиевски ја прифати понудата и се надевам на успех во неговата работа. Од страна на Кошаркарската федерација, можам да ветам дека репрезентацијата ќе ги добие најдобрите услови за работа, играчите и селекторот ќе треба само да се фокусираат на своите натпревари и да остават срце на терен. Единствено што барам е поддршка и од медиумите и од целокупната спортска јавност во земјава – рече Ѓуроски на прес-конференцијата.

Генералниот секретар на федерацијата, Томче Стојчевски, искажа свој коментар на назначувањето на новиот селектор и кажа дека федерацијаата има програма за иднината, која ќе биде анализирана откако ќе биде сработена.

– Ќе се задржиме до стратегискиот план 2025-2029, и ќе бидете сите известени во која насока ќе се движиме. Не само за сениорите, туку и со младинците, имаме план. Се надевам дека за пресек од две години ќе биде воочен и напредокот кој го имаме потцртано дека ќе го исполниме. Стратегискиот план кој ќе биде изготвен од тимот, кога некој правел некој пресек, не добил поддршка од љубителите на спортот или медиумите. Но, ние имаме визија со претседателот Главчев, за овој стратегиски план ќе разговараме за две до четири години, а вие потоа ќе нè оцените што сме направиле – изјави Стојчевски пред претставниците на медиумите.

ФОТО | Марјан Илиевски е нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација

Во оваа прилика, се осврна и на одлуката следните два меча од претквалификациите да се играат во спортската сала во Куманово:

– Кога дојдовме, на 2.мај, тие мејлови беа со рок во кој треба да одговориме каде ќе играме. Не само за А-селекцијата, туку и У16 шампионатот во Скопје. Немаме сали со ФИБА-услови, кога ја водевме кампањата сакавме децентрализација на кошарката, се стремиме за тоа. Но реалната ситуација е што немаме повеќе од три сали во кои не можеме да имаме ФИБА натпреварување.

Ова е претквалификациски циклус, но за понатаму има инспекции, има фрапантни податоци дури и во салата „Кале“. Зошто Куманово? Првиот меч се игра на 2. август, голем македонски празник, ние луѓето од Скопје го напуштаме градот и ако сакаме да ја наполниме салата не можеме да сметаме на скопјани да ја наполнат салата. Ќе има официјално отворање салата, добивме од градоначалиникот информации дека ќе биде санирано. Ако помине последната инспекција од ФИБА, се надевам на големиот кошаркарски празник во Куманово – вели Стојчевски.

Македонија првиот натпревар како домаќин ќе го одигра на 2 август против Романија, а вториот на 20 август против Унгарија. Во меѓувреме, „црвено-жолтите“ ќе одиграат два гостински натпревари – на 9 август во унгарскиот град Солнок и на 13 август во Орадеа.

ФОТО | Марјан Илиевски е нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот