Лина Ѓорческа/фото: mtftennis.mk

Ѓорческа со пресврт до полуфиналето на ИТФ турнирот во Романија

Денеска македонската тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во полуфиналето на ИТФ турнирот што се одржува во Слобозиа, Романија.

Ѓорческа, која е трета носителка на турнирот, со резултат 2:1 во сетови ја елиминираше Хрватката Лиција Багариќ Чириќ по еден час и 41 минута игра.

Багариќ Чириќ имаше моќен старт и го доби првиот сет со 6:1, но нашата тенисерка возврати на уште поубедливо освојувајќи ги следните два сета со 6:1 и 6:0.

Противничка на Ѓорческа во полуфиналната фаза ќе биде Марија Сара Попа од Романија.

Романската тенисерка Сара Попа во четвртфиналето триумфираше над Дарија Лодикова со 1:6, 7:5 и 6:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!