Фото: mtftennis.mk

Ѓорческа по тричасовна борба се пласираше на турнирот во Загреб

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се избори пласман во главната фаза на ИТФ турнирот во Загреб, кој се игра за награден фонд од 60.000 долари, откако денеска славеше во финалето од квалификациите по тричасовна драма.

Ѓорческа се соочи со Бугарката Денислава Глушкова, а македонската тенисерка славеше со 2-1 во сетови (5-7, 6-3, 6-2). Иако првиот сет го доби Глушкова по голема борба и резултат 7:5, македонската тенисерка не се откажа. Во вториот сет се играше гем за гем до 3-3, по што Ѓорческа ја презеде контролата и со серија од три добиени гема израмни на 1-1 во сетови.

Во одлучувачкиот сет се играше изедначено до 2-2, но потоа Ѓорческа буквално ја „прегази“ противничката, освојувајќи 12 од последните 13 поени, за конечни 6-2 и голема победа која ја одведе до главниот турнир.

На стартот од главната фаза, Ѓорческа ќе се сретне со Ралука Георгина Шербан од Кипар, моментално 243. тенисерка на ВТА листата. Ова ќе биде нивна петта пресметка, а Кипарската тенисерка води со 3-1 во меѓусебниот биланс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот