Фото: mtftennis.mk

Ѓорческа обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот во Букурешт

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот што се игра во Букурешт, Романија.

Ѓорческа во четвртфиналниот меч успеа за два часа игра да ја совлада Лаура Хиетаранта од Финска со резултат 2:0 во сетови.

Првиот сет нашата тенисерка го освои со 6:3, иако нејзината противничка водеше на стартот со 1:0 и 2:1 во гемови.

Нешто слично почна и вториот сет, Хиетаранта имаше предност од 2:0 во гемови, но Ѓорческа направи пресврт и на крајот славеше повторно со 6:3.

Противничка на македонската тенисерка, која е четврта носителка на турнирот во полуфиналето ќе игра со победничката од дуелот меѓу првата носителка Деспина Папамихали од Грција и Марија Сара Попа од Романија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот