
Ѓорческа ја совлада Папамихаил и ќе игра во финалето на турнирот во Букурешт
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја продолжи серијата победи на турнирите во Романија и се наоѓа на еден чекор од нова титула во оваа земја.
Препорачано
Денеска во полуфиналниот меч на W75 турнирот во Букурешт со резултат 2:0 во сетови триумфираше над првата носителка на турнирот, Деспина Папамихаил од Грција за еден час и 21 минута игра.
Ѓорческа, која е четврта носителка, при резултат 2:2 на стартот од мечот, запиша четири гема во низа за освојување на првиот сет (6:2).
Папамихаил поведе со 1:0 во гемови во вториот сет, но следуваше нова фуриозна серија од четири гема на Ѓорческа и потоа само рутински го одведе мечот до самиот крај за нов триумф на турнирот.
Македонската тенисерка во финалето во Букурешт ќе игра со победничката од дуелот меѓу Лили Тагер од Австрија и втората носителка, Сада Нахимана од Бурунди.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
4час
-
4час
-
4час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5