Ѓорчепетровци денеска протестираа: Не за бетонизација, не за изградба на 30 згради!

Фото: Фејсбук група „Наше Ѓорче“

Разочарани поради тоа што не се одржа вонредна седница на која требаше да се стави суспензија на делови од ДУП С3 16 на Општина Ѓорче Петров, десетици граѓани предводени од советниците од СДСМ во општинскиот Совет денеска напладне одржаа протест со мирен марш во делот каде треба да се градат висококатници.

 Нема да дозволиме изградба на повеќе од 30 згради со висина и до 20 ката! Нема да дозволиме промена на демографската структура во нашата општина! Градоначалникот Стојкоски и советниците од ДПМНЕ работат во интерес на урбаната мафија, а не во интерес на граѓаните! Нема да им помине! – порачаа граѓаните на протестот.

Фото: Фејсбук група „Наше Ѓорче“

Како што е веќе познато, вонредна седница беше закажана за вчера, но не се одржа откако советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Општина Ѓорче Петров гласаа против оправданоста за одржување на итна седница, што ја по бараа советниците од СДСМ и Левица.

На дневен ред на седницата требаше како единствена точка на дневен ред да се најде предлогот за суспендирање на делови од ДУП С3 16, кој беше донесен на 17 февруари на вонредна седница и предвидува изградба на повеќе од 30 згради, највисоката со 21 кат, но и капацитети од лесна инустрија и трговски центри.

Според нив, на тој простор треба да има училиште, градинка, зеленило и згради не повисоки од 9 ката.

Иницијативата против урбаното дивеење го поздрави зелениот проект за Ѓорче Петров

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот