Врсничко насилство / илустрација

Ѓорче: Ново врсничко насилство што вознемирува – деца претепале и ограбиле девојче во парк

Две девојчиња и две момчиња, сите малолетни, завчера вечерта натепале и ограбиле исто така малолетно девојче во парк во скопската населба Ѓорче Петров, соопшти МВР. Според полицијата, додека три од децата го вршеле насилниот чин, четвртото снимало со телефон.

„Денеска во 01.25 часот во СВР Скопје, И.Б.(41) од Скопје пријавила дека на 05.02.2025 околу 21.00 часот во парк на подрачје на Ѓорче Петров, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички и еден малолетник, кои притоа ѝ одзеле чантата со пари, мобилен телефон и други лични работи, додека пак друг малолетник снимал со мобилен телефон“, пишува во полицискиот билтен.

Насилството меѓу деца во Ѓорче Петров ја потресе јавноста и пред неколку месеци, кога двајца првоодделенци сексуално малтретираа соученик во двор на основно училиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот