фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Ѓоковиќ во осминафиналето на Мастерс турнирот во Мајами

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вечерва се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Мајами, САД, откако во два сета го совлада Аргентинецот Камило Уго Карабели со 6:1, 7:6 (1).

Ѓоковиќ, петторангираниот тенисер во светот, по еден час и 47 минути оствари победа над 65 играч на АТП листата.

Во првиот сет Ѓоковиќ беше убедлив, му препушти само еден гем на противникот и со брејкови во вториот и шестиот гем поведе во сетови.

Во третиот гем од вториот сет, Ѓоковиќ ја искористи втората брејк топка, поведе со 2:1 во гемовите, но Аргентинецот веднаш одговори во следниот гем и израмни на 2:2.

До крајот на сетот немаше брејкови и победникот беше решен во тај-брејк, во кој Ѓоковиќ беше убедлив и оствари победа со мини брејкови во првиот, петтиот и осмиот поен.

Ѓоковиќ во осминафиналето ќе игра против 16 тенисер во светот Италијанецот Лоренцо Музети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот