фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Ѓоковиќ во четвртфиналето на турнирот во Мајами по победата над Музети

Новак Ѓоковиќ го совлада Италијанецот Лоренцо Музети со 2:0 во сетови 6:2 и 6:2 на мастерс турнирот во Мајами, САД.

Српскиот тенисер успеа да дојде до триумфот за еден час и 23 минути за четвртфинале, негово прво во Мајами по девет години.

Ноле за пласман во полуфиналната фаза ќе игра против Себастијан Корда кој претходно го елиминираше Гаел Монфис.

Ѓоковиќ од 2016 година не играше четвртфинале на Индијан Велс или Мајами.

Србинот го обезбеди своето 97 мастерс финале во кариерата, а осмо во Мајами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот