
Ѓоковиќ со желба да се повтори историскиот успех од 2010 година
Новак Ѓоковиќ следната недела ќе игра на завршниот Мастерс сезонава во Торино, но мислите на најдобриот светски тенисер делумно се и во Малага, каде потоа ќе ја води Србија на патот до титулата во Дејвис купот.
Препорачано
Имено, избраниците на Виктор Троицки се едни од фаворитите на турнирот што од 21 до 26 ноември ќе се одржи во шпанскиот град, а токму Ноле е оптимист за повторување на успехот од 2010 година.
– Здраво на сите! Возбуден сум што ќе бидам дел од српската репрезентација на финалето на Дејвис купот во Малага. Остануваат уште неколку недели до почетокот на натпреварувањето во кое ќе учествуваат осумте најдобри светски селекции. Ќе се бориме за најпрестижниот репрезентативен трофеј во нашиот спорт – рече Ѓоковиќ.
Инаку во финалето на Дејвис купот во 2010 година во Белград репрезентацијата на Србија тогаш со 3:2 триумфираше против Франција. Ѓоковиќ оствари две победи во поединечна конкуренција против Жил Симон и Гаел Монфис.
– Секогаш е голема чест и задоволство да се игра за Србија. Ја освоивме титулата во 2010 година и тоа е всушност еден од најубавите спомени во мојата кариера. Се надевам дека ќе бидам здрав и дека ќе можам да и ги донесам сите победи на мојата земја. Ги поканувам сите од Шпанија, но и оние надвор од границите на оваа земја, да дојдат и да нè поддржат – вели Ѓоковиќ.
Join @DjokerNole in the Malaga Final 8 ??
Watch the World No. 1 on the big stage ?https://t.co/NxE8uzD42O#DavisCupFinals | @TSSRBIJE pic.twitter.com/BHZpQOSiSr
— Davis Cup (@DavisCup) November 8, 2023