Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Ѓоковиќ се помачи, но сепак го елиминираше Ечвери

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со победа ја започна одбраната на Мастерс турнирот во Рим откако вечерва го совлада Аргентинецот Ечвери.

Ечевери добро го започна мечот и поведе со 3-1 во првиот сет, но Ѓоковиќ тогаш започна да игра на препознатливото ниво. Сепак сетот беше одлучен во тај-брејк каде што Новак го покажа својот квалитет.

Во вториот сет Аргентинецот повеќе не можеше да му парира на Ѓоковиќ па сетот помина во доминација на фаворитот.Во следното коло, првиот носител ќе се сретне со Бугаринот Григор Димитров, кој го елиминираше Стен Вавринка.

Во второто коло Ѓоковиќ ќе игра против Бугаринот Григор Димитро кој денес беше подобар од Вавринка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот