Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MEO

Ѓоковиќ пред Ролан Гарос би можел да настапи на уште еден турнир

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ би можел да настапи на АТП 250 турнирот во Женева кој се игра од 18. до 25. мај пред Ролан Гарос (20. мај до 9. јуни)..

Швајцарските медиуми пренесуваат дека Ѓоковиоќ би можел да се одлучи на ваков чекор за колку што е можно подобро да се припреми за вториот грен-слем во сезоната.

Ѓоковиќ доживеа рана елиминација на турнирот во Рим каде што вообичаено доаѓаше до завршницата и тој турнир му беше како една подготовка за Отвореното првенство на Франција. Бидејќи во Рим го заврши настапот уште во третото коло ќе помине многу време до неговиот прв меч на Ролан Гарос.

Српскиот тенисер сметал дека му недостасуваат мечеви на земја бидејќи сезонава одигра само шест на оваа подлога. Проблемот би можел да биде што финалето во Женева е закажано за 25. мај само еден ден пред почетокот на Ролан Гарос, сепак и во минатото се случувало, баш пред некој грен-слем Ѓоковиќ да игра на друг турнир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот