фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Ѓоковиќ без загубен сет во четвртфиналето на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во четвртфиналето на грен слем турнирот Ролан Гарос откако без многу проблеми го победи Камерон Нори. Српскиот тенисер славеше со 3:0 во сетови 6:2, 6:3 и 6:2 по два часа и 15 минути игра. Во шестиот меѓусебен дуел со Британецот, Ѓоковиќ оствари победа, вкупно 100-та на овој турнир.

Најдобриот тенисер на сите времиња имаше проблеми со сервисот во првиот сет, но неговото враќање функционираше беспрекорно, три пати го проби сервисот на противникот и го доби првиот сет.

Во вториот сет, Ѓоковиќ имаше проблеми, Нори водеше со 2:0 во гемови, но Србинот успеа да се врати и да ги искористи своите можности до крајот на сетот.

Нори не беше во можност да му парира, па веќе беше јасно дека Ѓоковиќ оди кон нов триумф и пласман во четвртфиналето.

Сè беше јасно на почетокот од третиот сет кога српскиот тенисер успеа да поведе со 4:1 со два брејка, а веднаш беше и 5:1, неколку атрактивни поени за сигурно место меѓу најдобрите осум.

Противник на Ѓоковиќ во четвртфиналната фаза ќе биде Александер Зверев од Германија кој при негово водство од 6:4 и 3:0, мечот го предаде Холанѓанецот Талон Грикспор.

Познати се уште два четвртфинални парови: Лоренцо Мусети – Френсис Тиафо и Томи Пол – Карлос Алкараз.

Последната четвртфинална двојка ќе ја дознаеме по одигрувањето на мечевите: А. Бублик – Џ. Дрејпер и Ј. Синер – А. Рубљов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот