Гибсон ES-355 на Ноел Галагер - Фото: Andrew Matthews, PA Images / Alamy / Profimedia

Гитарата што ја скрши Лиам Галагер ноќта кога „Оејзис“ се распаднаа е ставена на аукција: Се проценува на 670.000 долари

Гитарта што му припаѓала на Ноел Галагер, а била скршена ноќта кога се распаднаа „Оејзис“, ќе биде понудена на аукција и би можела да се продаде за 670.000 долари. Бендот, кој повторно се обедини по 16 години и започна светска турнеја во јули, се распадна во 2009 година по тепачка зад сцената на фестивалот „Рок ен Сен“ во Париз, за ​​време на која Лиам Галагер ја оштети црвената гитара „Гибсон ES-355“ на својот брат од 60-тите години на минатиот век, пишува „Гардијан“.

Гитарата сега ќе се продава на аукција за сувенири од жива музика овој октомври во „Пропсторе“, со проценка од претпродажба помеѓу 280.000 и 670.000 долари.

Тоа е меѓу 150-те предмети на бендот што ќе бидат понудени на аукција, заедно со акустичната гитара „Такамине FP460SC“ на Ноел Галагер – која беше употребена за снимање на албумот „Wonderwall“ на „Оејзис“ и се проценува на вредност помеѓу 230.000 и 460.000 долари.

Пошироката аукција ги вклучува затемнетите очила на Џон Ленон од периодот на „изгубениот викенд“ , за кои се проценува дека ќе достигнат цена од 300.000 фунти и белиот шешир од „Смут Криминал“ на Мајкл Џексон, за кој се очекува потенцијална цена од 80.000 фунти.

Марк Хохман, музички специјалист во „Пропсторе“, рече: „Од непогрешливите очила на Џон Ленон до иконските гитари на Ноел Галагер, ова не се само колекционерски предмети; тие се културни темели што инспирирале милиони луѓе“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот